Девојче падна и се удави во базен во Битола

од desk2

Девојче на возраст од 14 години се удави во базенот „Довлеџик“ во Битола, кој во моментов не е отворен за посетители. Од болницата во Битола велат дека девојчето е донесено на ургентното одделение без никакви знаци на живот по падот во базенот.

Но, упорноста на екипата од ургентно и извршената реанимација биле неуспешни, вели портпаролот на болницата, Сузана Конеска и додава дека случајот понатаму го презема МВР и Обвинителството.

Базенот е во сопственост на Јавното претпријатие „Стрежево“, но моментално е издаден под концесија на 15 години. Од „Стрежево“ кога слушнале за немилиот настан веднаш се упатиле кон базенот.

Слични содржини