Девојка „за влакно“ избегна смрт: Големо парче замрзнат снег падна веднаш до неа (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави видео, кое е направено во Северодвинск на крајниот север на Русија, каде може да се види како девојка „за влакно“ избегнала смрт кога покрај неа паднало големо парче замрзнат снег, кое се откинало од покрив на зграда.

Веднаш штом видеото се појави на социјалните мрежи, започна истрага за овој инцидент, а градските власти ги предупредија жителите за опасност од паѓање на снег и леденици од покривите.

Регионалниот шеф на службата за вонредни состојби изјави дека мразот и снегот кои паѓаат од покривите претставуваат опасност.

Граѓаните се повикуваат да бидат повнимателни на улиците, да изберат безбедни правци за движење и да избегнуваат поминување покрај sидовите особено на постарите куќи и згради, како и да обрнат внимание на безбедносните ленти.

Слични содржини