Девојката која ја сними смртта на Џорџ Флојд: „Молеше за живот, жал ми е што не направив повеќе“

од Stefanija Kuzmanovska

Судењето на полицаецот Дерек Шовин за убиството на Џорџ Флојд продолжи во вторникот, а девојката, чија снимка од смртта на Афроамериканецот го обиколи светот и предизвикаа глобални протести, вели дека ѝ е жал затоа што не направила повеќе.

Дарнела (18) е една од четворицата млади кои сведочеа на вториот ден од судењето на полицаецот Дерек Шовин, кој е обвинет за убиство на Афроамериканецот.

Таа му кажа на судот како го видела Флојд „како моли за својот живот“, споредувајќи го со нејзиниот татко, брат и роднини „затоа што сите се црни“.

Дарнела, која во тоа време имала 17 години, влегувала во продавницата со нејзината братучетка (9) кога наишле на апсењето на улицата.

Таа пред судот рече дека започнала да снима на телефон затоа што видела „преплашен човек, кој молел за живот“.

– Тоа не беше во ред, тој имаше болки – рече Дарнела, пренесува Би-Би-Си.

Се присети дека го слушнала Флојд како зборува дека „не може да дише“.

– Тој беше преплашен, ја повикуваше својата мајка – истакна девојката.

Таа додаде дека сведочењето на неговата смрт ѝ го сменило животот.

– Кога го гледам Џорџ Флојд, го гледам татко ми, ги гледам брат ми, братучедите, чичковците – затоа што сите се црни. И гледам како можеше да биде едно од нив – додаде плачејќи.

„Жал ми е што не направив повеќе“, рече таа.

Нејзината помала братучетка исто така сведочеше пред судот, велејќи дека се чувствува „тажно и луто“ поради она што го видела.

„Звучеше како да го повредуваат“, рече таа.

Последен сведок беше Женевин Хансен, пожарникар кој не бил на должност. Тврди дека полицијата ја спречила да пружи медицинска помош која ќе му го спасела животот на Флојд.

Адвокатите на обвинетиот ќе ја градат својата одбрана врз основа на тврдењето дека Флојд починал од предозирање, а Шовин ги негира обвиненијата за убиство.

Слични содржини