Девојката на дисидентот Роман Проташевиќ осудена на шест години затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Белорускиот суд денеска ја осуди Софија Сапега, девојката на дисидентот Роман Проташевиќ, на шест години затвор за поттикнување социјална омраза, соопшти групата „Вјаснарајтс“.

24-годишната руска државјанка полета со своето момче, блогерот кој го критикуваше белорускиот лидер Александар Лукашенко, на летот на Рајанер од Атина за Вилнус во мај 2021 година, кога белоруските власти го пренасочија во Минск, пренесува „Ројтерс“.

На Проташевиќ допрва треба да му се суди, а не се знае многу за истрагата против него.

Слични содржини