Девојката на Кијану Ривс: Еве зошто одлучив да не се фарбам

Александра Грант (46), уметничка која во последно време се најде во фокусот на медиумите поради романтичната врска со Кијану Ривс, објаснала зошто не ја фарба својата седа коса.

„Ракот на дојката е поврџан со трајните бои за коса и хемиските сретства за исправување на косата. Тоа е потврдено со истражување на скоро 5000 жени.“

„Денешните вести… Броевите се запрепастувачки, особено кога се работи за бојата. Прерано ми побеле косата, во дваесетите и ја фарбав во сите можни бои и повеќе не можев да ја поднесам токсичноста на фарбата“, напишала таа.

„Кога бев во триесетите, дозволив косата да ми побели… Ја сакам и ја поддржувам секоја жена која сама одбира како сака да изгледа. Но ако жената се разболи и пропадне од стандардите за убавина кои се наметнуваат, тогаш ајде да разговараме за тие стандарди. Љубов до сите жени!“, додала Александра.

Податоците кои ги наведува Александра на почетокот на својата изјава, се објавени во меѓународни магазини и тие претставуваат студија која докажала дека боите и сретствата за исправување на косата можат да бидат поврзани со канцерогените единици кои го уништуваат срцето.

Александра е првата девојка на Кијану Ривс откако Џенифер Сим настрада во несреќа во 2001 година.

Слични содржини