Девојката на Мик Џегер е 44 ГОДИНИ ПОМЛАДА ОД НЕГО: Се појави нивно ФОТО!

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната балерина Мелани Хемик објави ретка фотографија на Инстаграм со пејачот Мик Џегер (77) со кого е во емотивна врска.

Со нив позираше и нивниот четиригодишен син Деверо, а на фотографијата Мелани го бакнува Мик во образ. Оваа фотографија е објавена по повод 34-от роденден на партнерката на Џегер.

„Денес ја чувствувам целата љубов. Ви благодарам на сите за прекрасните пораки“, напиша Мелани.

Џегер за неколку дена ќе го прослави својот 78-ми роденден, односно на 26 јули. Деверо е најмалото од осумте деца на пејачот и единствениот наследник што го има со Мелани. Мик има и пет внуци.

Мелани и Џегер не објавуваат често заеднички фотографии или се појавуваат во јавност. Тие се запознаа во 2014 година, само неколку дена пред тогашната девојка на Мик, Л’Врен Скот да биде пронајдена мртва.

Слични содржини