Девојката на познатиот фудбалер има коронавирус, покажа како изгледа тестот

Михаела Персико, девојката на фудбалерот на Јувентус, Даниел Ругани, објави дека е позитивна на коронавирусот.

„Добро сум, среќа за мене, немам симотоми. Сакав да ве упатам во ситуацијата и мојата и на Даниел. Позитивни сме, но немаме симптоми“, рекла Михаела на видеото на Инстаграм.

Ругани се јавил во коментарите и оставил емотикони со срциња и сила.

„Ви благодарам на сите на љубовта“, порачала Михаела. Претходно на кратките приказни таа објавила и како изгледа тестот на коронавирусот.

Инаку, нејзиното момле Даниеле Ругани, веќе неколку дена се наоѓа во самоизолација.

„Изгледав се на Нетфликс. Ја препорачувам The Invisible Guest, тоа е трилер кој не трае долго и е многу добар“, им препорачал на фановите.

Слични содржини