Дезинфекциски пумпи за сите училишта во општина Карпош

од Nikola Popovski

За уште поголема хигиена и редовна дезинфекција на основните училишта, Општина Карпош им додели дезинфекциски пумпи на сите десет образовни установи. Имено, со овие пумпи, на побрз и поедноставен начин, ќе може да се дезинфицираат училниците, холовите, тоалетите и административните простории.

Денеска, комуналните служби на Општина Карпош имаа и куса обука со претставниците од училиштата за правилно користење на пумпите.

„Сите основни училишта веќе ги спроведоа заштитните протоколи за почеток на учебната година. Направена е дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Истакнати се упатства со мерките за заштита од Ковид-19, а адаптирани се и повеќе училници за настава според новите правила. Локалната самоуправа обезбеди и ИТ-опрема (компјутери, слушалки и камери) за наставниот кадар со цел непречено да се одвива онлајн-наставата преку Националната платформа“, соопштија од Општина Карпош.

Слични содржини