Дезинтал 0,2% во ново пакување (фото)

од Vladimir Zorba

Алкалоид денеска преку соопштение сподели дека Дезинтал 0,2%, раствор за чистење и дезинфекција на сите видови површини со продолжено дејство, доби ново пакување.

Ова се случува окако на пазарот се појавија производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција произведени од „Алкалоид“ – Ecosal® и Dezintal®, кои се воедно и заштитени трговски марки на „Алкалоид“ АД Скопје.

„Aпелираме до купувачите да внимаваат при купувањето бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и врз здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи, кои во моменталната ситуација се од исклучителна важност“, изјави тогаш од Алкалоид.

Слични содржини