Дезир: Екстрадицијата на Асанж може да има застрашувачко влијание врз новинарството и слободата на печатот

од Vladimir Zorba

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Арлем Дезир, ги повика британските власти да не го екстрадираат основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж во Соединетите држави.

Асанж е задржан во лондонски затвор каде утре ќе се одржи рочиште на кое би можело да се реши за негова екстрадиција од Велика Британија.

Тој е обвинет во САД за 18 обвиненија за објавување доверливи информации.

Доколку биде осуден, ќе му биде изречена затворска казна од 175 години.

„Особено сум загрижен за бројните обвиненија и несразмерната затворска казна, со која би можел да се соочи ако тој е екстрадиран или осуден“, рече Дезир, цитиран од ОБСЕ.

Тој рече дека јавниот интерес треба да биде земен во предвид за објавување на неколку статии од „Викиликс“ во 2010 година, кои дадоа важен придонес во истражувачкото известување.

„Од суштинско значење е да се земат предвид последиците за слободата на изразување и слободата на медиумите во случај на екстрадиција и осуда. Ова може да има застрашувачко влијание врз новинарството и слободата на печатот“, заклучи Дезир.

Слични содржини