Џабе Бекам, Невил и Игуаин: Интер Мајами прими четири гола до полувреме (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Можеби Интер од Мајами има звучно име, сопственик и напаѓач, но Њу Ингланд игра далеку подобар фудбал во моментов. Не му помогна на Интер ниту Гонзало Игуаин во шпицот. Едноставно кажано, гостите доминираа на стадионот ДРВ. На полувреме постигнаа четири гола и лесно стигнаа до победата – 0:5 (0:4).

Пукна и петарда. И на тој начин тимот на тренерот Фил Невил, легенда на Јунајтед, го врза шестиот пораз.

Честопати тие порази беа близу, но овој пат Њу Ингланд играа сами, додека играчите на Интер немо следеа што се случува.

Затоа не е изненадувачки што тој во моментов се први во Источната конференција со 30 бода, а Интер, чиј претседател е Дејвид Бекам, е последен на табелата. Разликата во квалитетот е очигледна.

По овој натпревар Интер е на само осум освоени бода и вкупно осум порази на 12 натпревари. Од друга страна, Њу Ингланд има девет победи од 15 натпревари во американското првенство. Го следат Филаделфија и Нешвил со по 23 поени.

Слични содржини