Џафери до Мицевски: Не ми спомнувај Северна Кореја, немаме ништо заедничко со земјата

од Nikola Popovski

Каква Северна Кореја? Не ми спомнувај Северна Кореја. Немаме ништо заедничко со таа земја, му рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски откако беше обвинет дека го крши Деловникот на Собранието.

-Немојте сите во хор. Чекајте еден по еден. Колеги од опозицијата, немам никаков проблем со македонскиот јазик и ќе ви читам на македонски, кажа Џафери и започна да го чита предлогот на дневниот ред пред присутните во собраниската сала.

Собранието попладнево повторно продолжи со работа за утврдување на дневниот ред на 71. седница. Дел од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно бараа промени на дневниот ред, односно дел од точките ставени подолу на листата да се најдат меѓу првите точки за разгледување.

Мицевски претходно информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 10 законски решенија, но се уште истите не се преведени од страна на собраниските служби иако законските три дена поминале.

-Прекинете ја седницата, ова е најлошо водење на седница во историјата. Не можеме да се снајдеме во хаосот што го предизвикувате. Не знаат за што да се пријавуваат пратениците. Ова не треба да се случува. Ако имате морал, прекинете ја седницата и да ги видиме стенограмите, рече Мицевски.

Слични содржини