Џафери: Доколку и понатаму има блокади на Собранието од опозицијата, пратеници со Ковид ќе доаѓаат на седниците

од Viktor Jovanov

Спикерот Талат Џафери, за вчерашната седница која предизвика реакции во јавноста поради појавувањето на двајца пратеници позитивни на вирусот Ковид 19, објасни дека бил приморан да се повика на дополнет протокол кој уште лани бил одобрен од Комисијата за заразни болести и лично од Караџовски.

Тој додава дека народните избраници можат да работат и во вонредни и воени ситуации. Џафери вели дека доколу и понатаму има условувања и блокади од опозицијата во Собранието,  не ја исклучува можноста повторно ковид позитивни пратеници да дојдат на гласање во скафандери.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија кривични пријави за сите инволвирани во вчерашните случувања, додека за СДСМ протоколите се испочитувани и ничие здравје не е загрозено.

 

 

Слични содржини