Џафери-Дуџак: Да се продлабочи соработката меѓу организацијата на ОН и Собранието

од Aleksandar Petrovski

Размена на информации и идеи како да се продлабочи соработката меѓу Организацијата на Обединетите нации и Собранието на Република Северна Македонија, особено во врска со имплементацијата на Агендата 2030 и целите за одржлив развој, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак.

Џафери, информираат од собраниската прес-служба, изрази благодарност до агенциите на Обединетите нации во Република Северна Македонија за активностите што ги спроведуваат во земјава, како и за нивната досегашна соработка со работните тела на Собранието и неформалните пратенички групи за поддршка.

Постојаната координаторка на ООН Дуџак се осврнала на „Рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации со Република Северна Македонија за периодот 2021-2025“, како клучен документ и колективна понуда на системот на ООН за поддршка на земјата во справувањето со клучните предизвици за постигнување на целите за одржлив развој и Aгендата 2030. Главниот фокус е насочен кон надградба на започнатите активности во областа на транспарентното и одговорно демократско управување, социјалната инклузија, заштитата на животната средина, промовирањето на родовата еднаквост, рамномерниот регионален развој,…

На средбата станало збор за можноста за формирање неформална работна група за одржлив развој во Собранието, во која би членувале пратеници од сите пратенички групи и која би била технички поддржана од Канцеларијата на Постојаниот координатор на ООН.

Соговорниците се согласија дека во наредниот период треба да продолжи и да се унапреди плодната соработка на агенциите на ООН со работните тела на Собранието. 

Слични содржини