Џафери: Ги пријавиви сите пратеници, нивно право е дали ќе се вакцинираат или не

од Берта Китинска

Јас и колегите како и службениците ќе примиме вакцина која што во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава, рече собранискиот спикер Талат Џафери.

-Собранието е во втората фаза за вакцинација односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт. Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратеницитерече Џафери.

На прашањето што доколку некој пратеник не сака да се вакцинира, Џафери рече дека тоа е одлука на пратениците.

-Нивна одлука е дали ќе се вакцинираат тоа не е одлука на Собранието.Јас мојата работа ја завршив, а тоа беше да ги пријавам и доставам податоци за сите 120 пратеници. Тие добиваат порака за терминот и во која кабина ќе бидат вакцинирани. Нивно право и одлука е дали ќе примат вакцина или не. Јас не можам да се мешам, рече Џафери.

Во салата А1 Арена во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје утрово почна вакцинацијата на пратениците. Тие, како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, се имунизираат со вакцината „Спутник В“.

Слични содржини