Џафери го пратил предлогот за вонредна состојба, Пендаровски во 18 часот ќе има обраќање

од Aleksandar Todeski

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го испраќа предлогот на владата да се воведе вонредна состојба на територијата на целата држава кај претседателот Стево Пендаровски, откако претходно на прес конференција најави дека бидејќи нема можност Собранието да заседава, за вонредната состојба ќе одлучува Пендаровски.

Се очекува обраќањето на Пендаровски да биде одржано во 18 часот, на која како што претходно пишуваше „Локално“, ќе биде прогласена вонредна состојба.

За првпат по пандемијата со коронавирусот, и лидерите на најголемите партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се на иста линија, дека треба да биде прогласена вонредна состојба поради коронавирусот.

Премиерот Оливер Спасовски пак, во своето обраќање најави дека се работи за вонредна состојба и поради тоа се бара прогласување на вонредна ситуација, па од таму и одлуката на владата истото да биде преложено во Собранието.

Уставот пак, предвидува ако Собранието не може да заседава, претседателот е оној кој одлучува дали ќе има или не вонредна состојба на територијата на целата држава.

Слични содржини