Џафери го прими Извештајот за напредок од Европската Комисија

од Берта Китинска

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, имаше средба со Шефот на мисијата на Европската унија Дејвид Гир, кој официјално го предаде Извештајот за напредокот на државата од Европската Комисија.

-Амбасадорот на ЕУ денес официјално го предаде Извештајот за напредок на Македонија за 2022. На кратката средба го разгледавме делот кој се однесува на Собранието. Извештајот потврдува дека потребни се заеднички и брзо чекори од сите политички партии во Собранието, особено за реформскста агенда на ЕУ. Во наредниот период надлежните Комисии на Собранието детално ќе го разгледаат Извештајот по што ќе се усвојат заклучоци, информираа од кабинетот на Џафери.

Оценките на Извештајот во повеќе области се идентични како и во оној од минатата година. Во клучните области како што се реформите во судството и борбата против корупцијата ЕК констатира умерен напредок и повикува на имплементација на законите неопходна за ефикасна борба против корупцијата и зголемувањето на ефикасноста на правосудниот систем.

Слични содржини