Џафери: Јас не сум курир да трчам по министрите

од Берта Китинска

На почетокот на денешната седница за пратенички прашања координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски со процедурална забелешка го повика премиерот Димитар Ковачевски да ги опомене министрите во Владата, поради, како што кажа, „несериозниот однос бидејќи во моментот на седницата се присутни седум министри и три заменици министри, а само од еден министер е стигнат допис дека ќе отсуствува”.

– Јас сум лично навреден и барам денеска да бидат присутни сите министри, а премиерот Ковачевски да ги опомене сите негови министри. Со ова го покажувате односот кон Парламентот, граѓаните и вашето почитување кон овој законодавен дом, кажа Мицевски.

Собранискиот спикер Талат Џафери одговори оти со актот на повикување на седницата за денеска, пред една недела едновремено е пуштена покана до премиерот и до секој министер во Владата.

– Јас не каснам, јас можев да дојдам во 11 часот и ако нема пратеници да ја звршиме седницата. Што се оденсува до владата, јас не сум курир да трчам по министрите. Секој има своја одговорност. Министерот Љупчо Николовски навремено извести дека е спречен да присуствува на седницата и тоа легитимно и легално согласно Деловникот, рече Џафери.

Слични содржини