Џафери: Не може да се прецизира кога ќе се донесе Законот за попис

од Берта Китинска

Претседателот на парламентот Талат Џафери на денешната прес-конференција  не прецизираше дали денеска ќе бидат завршени измените во Законот за попис.

-Деловникот пропишува одредени рокови и законски постапки поради кои не може да се прецизира тајмингот за негово усвојување во законодавниот дом. Засега е неизвесен ниту почетокот на седницата на која ќе се донесе потребата од измени во законот за попис.Затоа што кажав и на почетокот, секоја одлука, неспорна каква и да е, и сум кажал дека е погрешна одлука на тој начин на преговори, следствено треба да се следи со процедурите на Собранието. Не можеме да работиме по партиски договори, рече Џафери.

Џафери додаде дека поради пропишаните процедури во Собранието тој требало да биде присутен на средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ .

Слични содржини