Џафери не се оптоварува со кривичните од опозицијата: Јас сум фокусиран на моите обврски

од Nikola Popovski

„Не бре брате, јас не се оптоварувам со овие прашања. Јас сум фокусиран на моите обврски како претседател на Собранието, го спроведувам Уставот и деловникот на работата на Парламентот“, вака собранискиот спикер Талат Џафери вчера ги коментираше кривичните пријави што ги поднесоа опозициските партии против него и заразените пратеници кои со скафандери присуствуваа во Собранието.

Со Устав, објаснува Џафери, пратеникот не сноси одговорност за ставовите и неговиот став во Парламент, затоа не може да има ниту кривична одговорност. Тоа е уредено и со протокол, пратеникот кој е позитивен на коронавирус да дојде на седница и да овозможи функционирање на Собранието.

„Доколку општата здравствена состојба не е тешка и е во домашни услови, со посебни протоколи за движење од домот до Собрание и обратно, не го става никого во опасност, не се исклучува можноста тој да учествува бидејќи е Уставна определба и санкција“, посочи Талат Џафери за емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

Слични содржини