Џафери: Повикувам за поддршка на референдумот, очекувам мирен ден во недела

од desk2

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА ги повикува граѓаните во недела да го поддржат референдумот. Вели дека очекува мирен ден и смета дека изборните органи професионално ќе си ја завршат работата.
Во недела очекува, како што потенцира, огромна излезност на граѓаните и мирен ден.


– Ние имавме средби со граѓаните, митинзи, соодветна анкета за мислењето на граѓаните и сите податоци покажуваат дека граѓаните со огромно мнозинство се расположени и подготвени да излезат на референдумот за да гласаат. Претпоставките врз база на овие елементи упатуваат на успешност на референдумот, односно на огромна излезност на граѓаните. Претпоставката е дека преку 50 отсто од граѓаните ќе излезат да гласаат на референдумот, потенцира претседателот на Собранието.

Неговите очекувања се дека и оние граѓани што имале дилема во однос на излегување на референдумот дека ќе се определат.
– Ги повикувам да излезат на избирачките места за да решаваат првично за нивната судбина односно иднина, а со тоа одлучуваат и за колективната иднина и на граѓаните и на државата во целина, изјави Џафери.

Во врска со уставните амандмани посочува дека предлогот за измени на Уставот, имајќи ги предвид роковите и контекстот, треба што поскоро да бидат доставени до Собранието за да отпочне постапката.

– Првиот чекор е одлука за пристапување кон уставни измени. За да се дојде до одлука има услови кога треба да се поднесе предлогот, колку време трае…треба да поминат не помалку од триесет дена за да се свика седница кога ќе добијам предлог. Можеби е потребно веднаш на први да се покрене постапка. Не е спорно на први да се има предлог дали потпишан од пратеници, дали потпишан од Влада, од претседател на државата, дали потпишан од 150.000 граѓани…Може да поднесат предлог. Која од овие надлежни институции ќе ја преземе улогата да поднесе предлог е прашање на меѓупартиска одлука, рече Џафери.

Целото интервју тука

Слични содржини