Џафери: Прерано е за коментар за уставни измени и референдум

од Берта Китинска

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите порача дека е прерано да ги коментира „хипотетичките“ најави на опозицијата за референдум за преговарачката рамка со ЕУ.

-Прерано е да ги коментирам најавите за уставни измени и за референдум во врска со европскиот предлог. Нема материјал за да се изјаснам. Опозицијата хипотетички прави ситуација,истакна претседателот на парламентот.

Џафери потенцираше дека не се подготвува за предвремени избори, потсетувајќи ја опозицијата дека за тоа се потребни претходни подготовки.

Спикерот кажа и дека не се подготвува за предвремени избори.

– Нема потреба за предвремени избори. Еве, опозицијата бара предвремени. Нека поднесат предлог за распуштање на Собранието. Ако имаат 61 глас, ќе одиме на предвремени избори. Тоа не зависи од мене. Но, претходно треба да се знае дека има други обврски, а таа обврска е 100 дена пред избори да има техничка влада, според договорот од Пржино, нагласи Џафери.

Тој смета дека Собранието е функционално, а вината за тоа што околу 80 точки останале неразгледани ја гледа во претседателите на комисиите кои не закажуваат седници.

Слични содржини