Џафери: Продолжуваме со истиот ритам на правење на реформи

од Aleksandar Todeski

Во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија и од име на колегите пратеници и да ја искористам приликата да го честитам најзначајниот ден во историјата на политичкиот и културниот развој на Албанците, денот кога славиме 111 годишнина од Битолскиот Конгрес, собирот на кој што се донесоа суштинските одлуки и кои ги претставуваат столбовите кои помогнаа за културната и политичката иднина на албанскиот народ, односно, се унифицираше албанската азбука што ги издигна за едно скалило повисоко албанската култура и образование, рече претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери во обраќање на Свечената академија по повод културно – научната манифестација „Денови на Азбуката“.

„На овој конгрес се направи и понатамошната консолидација во насока на развојот и напредокот на Албанците, одбирајќи ја јасно ориентацијата и насоката што ќе ја следат во иднина. И овој чекор, колку и да се чини скромен за старите светски цивилизации, сепак, тоа е придонес и во целокупниот развој на човештвото“, рече Џафери.

Тој додаде дека со тоа продолжува животниот век на еден народ, односно неговата вредност и тежина.

„Затоа што, еден јазик е толку богат и вреден колку што се говори, пишува, збогатува и шири низ светот. Тоа е моќно оружје во интелектуалното, културното, уметничкото но над се, идентитетски знак на еден народ или како што рекол англискиот поет Семјуел Тејлор Колериџ, „Јазикот е оружје на човечкиот ум, и во исто време содржи трофеи од своето минато и оружје за нејзините идни походи“. И навистина, јазикот обединува луѓе, обединува идеи и овозможува соработка и се разбира напредок и развој“, истакна Џафери.

Според собранискиот спикер, само граѓанските општества со граѓани кои уживаат права меѓутоа исто така имаат и исти обврски, можат да бидат моторот кој што ја води напред нашата држава и целиот регион на Западен Балкан кој што одамна е определен за градење на општества со прифатени универзални вредности за правата и слободите на човекот.

„Кога зборувам за издигнувањето и развојот, мислам на многуте вредности и всушност институциите кои сега го живеат полнолетството меѓутоа и оние кои се на зачетокот, како што е Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, на чие што раководство сакам да му честитам за нивната неуморна работа и за вредниот придонес што тие го даваат во насока на збогатување на културното и историското наследство на Албанците во овој дел на Балканот, чувајќи ги, негувајќи ги и промовирајќи ги вредностите од минатото и вредностите што ќе се создадат во иднина во насока на проширување на хоризонтот на делување“, вели Џафери.

Тој потсети дека Северна Македонија е речиси внатре во НАТО, таку каде што Албанија веќе одбележува полни десет години членство и истакна дека набрзо ќе бидеме партнери и во оваа димензија на соработка.

„Додека пак што се однесува на нашето заедничко патување во постигнувањето на нашите интеграциски аспирации во европското семејство, за жал наидуваме на пречка која и после целиот наш ангажман и искрена посветеност, поврорно не зависи од нас и ние не можеме значително во менување на истата. Меѓутоа, секако продолжуваме со истиот ритам на правење на реформи, со подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и над се, со создавање на поволни услови за нашите млади, за овозможување на отворање на нивните крила и поттикнување на нивните творечки, научни афинитети и над се, отворање на бескрајните хоризонти на производство на опипливи човечки вредности за нивниот потенцијал, нивниот придонес за општеството, за државата и регионот биде виден, ценет и да се ужива од страна на сите“, нагласи Џафери во обраќањето на на Свечената академија по повод културно – научната манифестација „Денови на Азбуката“.

Слични содржини