Џафери: Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше

од Vladimir Zorba

Во политиката влегувам со искрена желба да ги промениме работите. Целиот живот го посветив на медицината и како доктор најдобро што умеам е да помагам на луѓето. Време е тоа да го направиме и во политиката и само заедно, со цврста волја и работа можеме да ги промениме работите, а на Маврово Ростуше му треба будење, му требаат промени и домаќинско работење. Како ваш пријател, сосед, ваш сограѓанин ви ветувам дека ќе бидам вашиот глас во општината и заеднички ќе ги решаваме проблемите, вели д-р. Мевмед Џафери – Кандидат за Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше, за промени, проекти, за победи и само така ќе создадеме нова иднина. Домаќински и одговорно. Да ги промениме работите кои донесоа стагнација, да ја ослободиме општината од приватните и лични интереси, да не биде повеќе извор за богатење и злоупотребa на поединци, туку место каде ќе создаваме иднина за секој еден човек во нашата општина.
Ви ветувам беспоштедна работа и промени“, вели Џафери.

Слични содржини