Џафери се уште не ја примил иницијативата за референдум

од Vladimir Zorba

Претседателот на Собранието Талат Џафери се уште ја нема примено иницијативата за започнување на процедура за утврдување на уредноста на иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на Референдумот што го најави ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од неговиот кабинет.

– Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време, посочуваат од таму.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ја поднесе иницијативата до Собранието. Координаторот Никола Мицевски денеска изјави дека собале околу повеќе од 650 потписи за референдумот за не повеќе од половина час.

Мицевски појасни дека поентата е да ги слушнат граѓаните во државата во врска со прашања што ги тангираат, како од меѓународната политика, така и од економијата и секојдневното живеење.

Во однос на тоа кои ќе бидат следните чекори доколку претседателот на Собранието ја прогласи иницијативата за неуредна, тој одговори дека внимавале со самото прашање и како ќе биде правно-формално напишана и доставена до Собранието, а дококолку не го помине првиот филтер, Мицевски рече дека „се надева на свеста на пратениците од владејачкото мнозинство”.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, ги повика премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски „да не опструираат преку Талат Џафери” и истакна оти референдум мора да има.

Слични содржини