Џафери: Собранието не може да се собере, предлагам претседателот да го одобри барањето за вонредна состојба

од Aleksandar Todeski

Од моментот на објавување на состојбата, надлежностите на Собранието преминуваат кај владата, која со Уредби во сила на Закон ќе треба да доуредува, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Она што е најавено дека Владата ќе испрати одлука, јас сум во очекување и се уште не е стигната. Таа е во подготовка и очекувам да ја добијам во секој момент.  Предлог-одлуката за вонредна состојба, врз основа на Уставот, поради општа констатација дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена надлежноста кај претседателот на државата и се надевам дека тој ќе постапи сходно на тоа што е проценка“, рече Џафери.

Како индиректна причина за неможноста за собирање на Собранието, тој ја посочи мерката за забрана за собирање во поголеми групи, во затворена просторија.

Слични содржини