Џафери: Собранието нема истражни и судски надлежности да испита случај на „силување“

Пред само неколку дена, пратеникот Антонио Милошоски од редовите на ВМРО ДПМНЕ, од Собранието испрати порака во која застана зад заштитата на насилството врз жените, но и додаде дека во редовите на законодавниот дом и парламентарниот состав, постои пратеник кој извршил кривично дело „силување на жена“ и за истото е санкциониран, но не го посочи неговото име, со образложение дека може да се јават негативни побуди кај жртвата.

На ова, во рамки на денешната прес конференција, одговори и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Собранието нема истражни и судски надлежности за да произлезе обврска на парламентот да истражува такви работи. Во ДИК преку процедура сите пратеници мора да потврдат дека немаат такви дела од соодветните судски инстанци, не верувам дека постои некој суд во државата кој ќе даде потврда дека не е осудуван некој, истакна Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

Слични содржини