Џафери: Во овие 14 денови вонредна состојба лидерите мора да договорат заеднички датум за изборите

од Nikola Popovski

Според претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, во изјава после одржувањето на Советот за безбедносѕт, новите 14 дена вонредна состојба се доволно време за партиите да го определат датумот кога би требало да се одржат изборите.

Џафери посочи дека според правилата, Собранието може да го врати само граѓанинот, преку изборите.

Сепак, како што кажа и самиот, изборниот циклус нема да биде како претходните, но граѓаните ќе мора да научат да живат со ваква состојба.

„Условите за граѓаните нема да бидат како во претходните циклуси, но, ние сите поединечно мора да научиме да живееме со појава која според прогнозите ќе потрае. Не можеме да останеме до недоглед со нерешена ситуација. Како резултат на одлуката на лидерите од октомври минатата година да се оди на предвремени избори, Собранието испочитува и низ процедурална постапка ја спроведе одлуката и ги спроведе сите процедури за избор на техничка Влада сто дека пред изборите и во тој контекст, сите ние се најдовме во една состојба поради вирусот и таа се дефинира како вонредна“, порача Џафери во денешното обраќање.

Слични содржини