Џафери за „Нафтемборики“ изразува убеденост дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во Грција

од desk4

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери за грчкиот весник „Нафтемборики“, изразува убеденост дека Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент, иако вели дека не сака да ги коментира внатрешно-политичките случувања во Грција и додава дека договорот е корисен за граѓаните и од двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

-Независно од реакциите на опозицијата и во двете земји, Договорот од Преспа е добар, придонесува за стабилноста во внатрешноста на Грција и на Македонија, но и во стабилноста на поширокиот регион, вели Џафери.

Спикерот на Собранието вели дека и покрај одбивањето на Претседателот Иванов да ги потпише уставните измени, тие стапуваат на сила.

-Претседателот на Република Македонија е обврзан да потпише врз основа на собраниското мнозинство, а неговото одбивање е целосно противуставно. Требаше, вториот пат кога во негови раце стигнаа амандманите да ги потпише, бидејќи Македонија е држава со парламентарна демократија и покрај одбивањето на Иванов, договорот е во сила. Секако, постои и Уставниот суд, вели Џафери.

Прашан за барањата од грчката опозиција да биде доставена целата содржина на македонскиот Устав, Џафери вели дека во однос на нашите обврски, до грчкото МНР и Парламентот испратени се уставните амандмани и Вербална нота, а дополнително не било побарано нешто.

Слични содржини