Џафери за обраќањето на албански: Не го прекршив Уставот, користев вродено и природно право

од Nikola Popovski

„Бев во Собранието, не сте сакале да ме видите, јас не се криев“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „24 анализа“, на прашањето зошто не давал никаква изјава по повод неговото обраќање на албански јазик во Брисел.

Тој прашува со што го прекршил Уставот.

„Што ќе беше ако се обратев на друг јазик. Не го прекршив Уставот. Тоа не е стакло да се скрши, хартија е. Не бев надвор од уставните норми. Прво, најдобро е да си го знам мајчиниот јазик, а соодветно си го знам и службениот, односно книжевниот македонски јазик“, истакна Џафери, додавајќи дека тоа е вродено, природно право, што го користел.

„Тоа не може никој да ми го попречи. Јас го почитувам целосно законот. Да се извинам за употребата на мојот мајчин јазик?“, прашува спикерот.

Слични содржини