Џафери зборувал на албански јазик на Самитот на ЕП (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Спикерот Талат Џафери се обратил на албански јазик пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“, иако според членот 7 од македонскиот Устав „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.

-За жал, наместо преговори сега се соочуваме со застој заради одредени билатерални барања. Наш став е дека договорната рамка со Бугарија дава соодветна основа за понатамошна соработка и ние сме подготвени за надминување на ситуацијата согласно меѓународните стандарди. Истовремено, сакам да нагласам дека овие случувања не треба да имаат влијание на отворање на преговорите за членство, рекол Џафери пред Комитетот.

Видеото од состанокот на АФЕТ и излагањето на Џафери можете да го погледнете на следниов ЛИНК.

Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на државата во меѓународната комуникација.

Слични содржини