Џамбаски: ЕУ треба да го прифати ставот на Бугарија во спорот со Македонија

од Nikola Popovski

Иницијативата „Отворен Балкан“, која ја покренаа српскиот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама, е обид за обнова на Југославија, смета бугарскиот член на Европскиот парламент Ангел Џамбазки.

Тој вели дека тоа ќе ја загрози безбедноста на регионот и ќе ја загрози европската интеграција на учесниците на форумот.

Како што вели, Западен Балкан е регион со големи историски врски кои тешко се прекинуваат. Тој како пример ги наведе „застапниците на руските интереси“ на Западен Балкан, а тоа е Србија.

Политичарот се осврна и на темата за спорот меѓу Софија и Скопје. Според него, ЕУ треба да го слушне и да го прифати ставот на Бугарија.

„Исклучително е важно ЕУ да го усвои ставот на Бугарија за нерешените билатерални прашања. Тоа е клучот за излегување на Скопје од оската Москва-Будимпешта-Белград и нивното мешање во внатрешните работи на државата. Добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Бугарија и Грција се дел од решението во име на европската иднина на земјата и на целиот Западен Балкан“, заклучи поранешниот заменик претседател на партијата ВМРО-БНД.

Слични содржини