Џамбаски стравува: Петков ќе изврши национално предавство со кревање на ветото за Македонија

од Nikola Popovski

Бугарскиот европратеник и едно од копретседателите на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски смета дека бугарскиот премиер Кирил Петков се повлекува од бугарскиот национални интереси во спорот со Македонија. За европратеникот, денешното интервју на Петков за бугарски медиум го нарече „срамно“.

-Кирил Петков отворено ја кажа својата подготвеност да се повлече од бугарскиот национален интерес. Мора да си многу „различен“ за да веруваш дека некој друг ќе ги брани правата на Бугарите во Македонија. Овој човек уште еднаш покажа дека нема поим што е национален интерес. Се надевам на сите им стана јасно дека е марионета, спуштена да извршува одредени задачи. Една од нив е да се изврши национално предавство и да се попушти пред македонската антибугарска политика. Не знам дали е свесен премиерот, но неодамнешните изјави и постапки на властите во Скопје не се разликуваат од можните постапки на таканаречените националисти, објави Џамбаски.

Според него, „мора да биде јасно дека секој чекор во корист на скопските македонисти ќе биде казнет.

-И Кирил Петков ќе биде тргнат од функцијата, засекогаш!, смета Џамбаски.

Петков денеска изјавил дека официјална Софија може да го укине ветото за почеток на преговорите за пристапување на С. Македонија во ЕУ доколку, како што вели „ земјава го отвори и промени Уставот“. За бугарскиот премиер промената на македонскиот Устав може да се постави како обврска пред почетокот на преговарачкиот процес.

-Доколку правата на Бугарите во С. Македонија се загарантирани и се дел од пакетот мерки во договорот на нивниот пат кон Европа, ние ќе ги поддржиме, кажал Петков.

Слични содржини