Џастин Бибер на средба со францускиот претседател Макрон (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон беа домаќини на пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хајли Бибер во понеделникот во Париз.

Според француските медиуми, канадскиот пејач побарал лично да се состане со францускиот претседател, со цел да разговара за „прашања поврзани со младите“.

Бибер објави заедничка фотографија на Инстаграм, на која позира во костум со раскопчана кошула, ланец околу вратот, а особено внимание привлекуваат неговите сини патики. Од друга страна, францускиот претседател, како што се очекуваше, носеше свечено сиво одело и вратоврска.

Џастин и Хејли беа видени како влегуваат во Елисејската палата носејќи маски.

Инаку, двојката беше во Париз претходните денови, и иако медиумите не ги дознаа деталите за разговорот меѓу поп-sвездата и францускиот претседател, состанокот се одржа на денот на годишната музичка прослава во Франција .

Слични содржини