Џастин Бибер објави дека е болен и откри од што пати со години

Еден од најпопуларните музички ѕвезди на денешницата, канадскиот пејач Џастин Бибер, потврди дека боледува од лајмска болест.

Бибер оваа тажна вест ја потврди на Инстаграм, наведувајќи дека тоа ја загрозило неговата кожа, мозочката функција и здравјето воопшто.

https://www.instagram.com/p/B7EnV5VHEYp/?utm_source=ig_embed

– И додека многумина зборуваат како Бибер изгледа лошо, не се свени дека неодамна ми беше дијагностициана лајмска болест. И не само тоа, тоа се одрази на мојот вид, мојата кожа, мозочната функција, енергијата и целокупното здравје. Овие работи ќе бидат објаснати во документарецот кој наскоро ќе биде објавен на Јутјуб. Ќе дознаете со што се носев и борев! Беа тоа тешки неколку години, но со добра терапија која ќе ми помогне да ја победам болеста ќе се вратам подобар од било кога – напишал Бибер.

Џастин, инаку, неодамна рекол дека тој и неговата сопруга Хејли Болдвин во 2020 ќе започнат да работат на проширување на семејството, откако ќе заврши со планираната турнеја.

Слични содржини