Џастин Бибер во кавга со ПЕТА- грижете се за вистински проблеми

од desk4

 

Новопечениот брачен пар Бибер-Болдвин, предизвика силни реакции на потпредседателката на ПЕТА, Лиза Ланг, но Џастин не попушти и коментираше на социјалните мрежи.


Причина за критиките беше купувањето на две егзотични, савана мачки.
– Џастин Бибер може да ги поттикне своите обожаватели да ги спасуваат животните со посвојување од својот локален азил за напуштени животни, а не со поддржување на опасниот тренд купување хибридни мачки. Така покажува дека не му е грижа за вистинската состојба со животните – вели Лиза Ланг.
Но Џастин наместо да се извини, возврати со коментар на социјалните мрежи.
„ПЕТА грижете се за вистински проблеми. Како што се недозволениот лов и злоупотребата на животните. Вие имате проблем што сакам специфичен вид мачка? Немавте проблем кога го купив моето куче Оскар. Секое животно кое го посвојуваме мора да биде спасено? Верувам во посвојување на спасени животни, но исто така сметам дека постојат лични желби, а за тоа постојат одгледувачи“ напиша Џастин Бибер и им препорача на ПЕТА да се грижат за пластиката во океаните и да ги остават неговите прекрасни мачки на мир.

 

View this post on Instagram

My fam

A post shared by Justin (@kittysushiandtuna) on

Слични содржини