Џастин Тимберлејк по скандалот: Лош пример сум за својот син

од Elena Daskalova

Џастин Тимберлејк за првпат во јавноста прозборе за фотографиите на кои се гледа дека е близок со актерката Алиша Вејнврајт и по наводите дека ја изневерил сопругата Џесика Бил.

Неодамна се појавија папарацо-фотографии на кои наводно Тимберлејк и Венјврајт разменуваат нежности за време на пауза на сминање филм. Сликани се како се држат за рака и како потоа го напуштаат ресторанот на задната врата.

Досега тој не изјави ништо во врска со овој настан, се до сношти, кога целата ситуација ја објасни на Инстаграм.

„Се трудам да бидам што подалеку од озборувањата, но поради семејството, чувствувам дека треба да одговорам на шпекулациите кои повредија луѓе кои ги сакам. Пред неколку недели направив голема грешка – но нека биде јасно – меѓу мене и колешката ништо не се случи. Испив многу и се покајав за тоа. Требаше да знам. Ова не е пример кој сакам да му го дадам на својот син. Се извинувам и на мојата сопруга и на семејството, кои ја надминаа оваа непријатна ситуација, а јас ќе се фокусирам да бидам најдобар сопруг и татко“, напишал тој.

Слични содржини