Џастин Тимберлејк се обидува да ги поправи односите, овој потег не ги зачуди обожавателите

Последниот месец за Џастин Тимберлејк е вистински кошмар од кој со задоволство би се разбудил, но за жал не е. Последиците од она што го направи, видно алкохолизиран, сигурно ќе го следат уште долго време, а тој сега се труди на сите начини, Џесика Бил да му се смири и да разбере, дека меѓу него и Алиша немало апсолутно ништо.

За потсетување, по сетот Тимберлејк и Алиша се упатиле кон најблиското кафуле каде беа снимени како се држат за рака. Тимберлејк потоа јавно се извини за грешката која ја направил и призна дека бил во алкохолизирана состојба.

После тоа, ја повика Џесика Бил на филмски сет како и самата би се уверила дека била направена само грешка.

Бил на својот инстаграм профил објавила фотографија на која рекламира топки за пилатес и снима кампања, а нејзиниот сопруг и коментирал со срциња. Се разбира дека обожавателите на Бил тоа не го одобрија, па под неговиот коментар се насобрале коментари од непознати луѓе од целиот свет кои го критикувале и навредувале Тимберлејк поради неговото однесување и јавното посрамотување на неговата сопруга.

Слични содржини