Џастин Тимберлејк во проблеми поради скандал од пред 17 години

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот менаџер на Џастин Тимберлејк, Џони Врајт, го стави пејачот во неочекувани проблеми со коментар испратен од Џенет Џексон, и тоа 17 години по скандалот што ја обиколи планетата.

Откако пејачката сподели инспиративен цитат на својот профил на Твитер, кажувајќи им на своите следбеници дека секогаш треба да им простуваат на другите, Врајт ѝ напиша дека тој совет требала да го примени во нејзиниот однос со Тимберлејк, пишува „Дејли меил“.

Џенет и Џастин се најдоа во центарот на еден од најголемите скандали во светот на шоу-бизнисот, кога за време на нивниот заеднички настап на Суперболот, тој искина дел од облеката на пејачката и ѝ ја откри десната брадавица, а инцидентот беше наречен Nipplegate.

Тогаш Тимберлејк во неколку наврати ѝ се извини на Џексон, а сега тој наводно воопшто не знаел дека неговиот поранешен менаџер барал од неа да го прифати извинувањето.

„Џастин не беше свесен за коментарот кој Врајт ѝ го упати на Џексон. Тоа го сторил своеволно, изјави извор близок на пејачор за„ Пејџ Сикс“.

Коментарот на Врајт подоцна беше избришан, но не е познато дали тој или Џексон го сториле тоа. Пејачката не се огласи во врска со коментарот, а нејзините фанови ја бранеа и му порачаа на Врајт дека Џенет не му должи ништо на Тимберлејк.

Слични содржини