Додека некои го обвинуваат дека ја изневери сопругата, актерката Џесика Бел, Џастин Тимберлејк одлучи со фановите да сподели тајни од почетоците на кариерата

Тој објасни дека се „збогатил“ со шишиња со урина кога прв пат започнал да настапува како соло пејач. Џастин се прослави во 90-тите како водечки пејач на бој бендот N Sunc, а неговиот прв самостоен албум „Justified“ излезе во 2002 година и низ светот беше продаден во повеќе од седум милиони примероци.

Тој истакнал дека во кариерата имал неколку тешки периоди. Џастин, додека гостувал во шоуто на Грахам Нортон, рекол дека бил нападнат со шишиња со урина додека настапувал на концерт со Ролинг Стонс во Торонто во 2003 година, пред да ја започне соло кариерата.

– Имаше некои нејаснотии, но се сеќавам дека им реков на бендот, пред да излеземе на сцена: ‘Не мислам дека ова ќе помине добро’ – рекол Џастин за нападот со шишиња.

– Не беа секогаш добри моменти за мене – додал пејачот.

Тој истакнал дека се уште е трауматизиран од тој настан.

Иако имал прилика да го запре својот настап, Џастин одлучил дека ќе остане и дека ќе се соочи со шишињата урина. Тој објасни дека за време на првата песна танцувал, па така избегнал неколку шишиња, но за време на втората песна седел на пијаното, па едно шише го погодило во глава.

– По тоа престанаа да фрлаат или им снема живци бидејќи знаеја дека ќе останам на сцената или им снема урина – се пошегувал пејачот.

Слични содржини