Џеј Ло и Бен Афлек веќе не се кријат: Папараци ги фатиле како разменуваат нежности на романтична прошетка

од Vladimir Zorba

Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек повеќе не ја кријат својата врска, а судејќи според последните фотографии, тие навистина изгледаат заљубени.

Славната двојка реши да го помине викендот во кој Американците го слават Денот на независноста на источниот брег, во одморалиштето Хамптонс, и токму таму ги фатија папараците на романтична прошетка.

Нив ги придружуваа уште две лица, а изгледа дека не ги вознемируваа ниту фотографите, бидејќи не ги криеја своите емоции.

Само еден ден претходно, тие беа снимени со децата во забавниот парк Universal Studios.

Лопез, инаку, од бракот со пејачот Марк Ентони има близнаци Макс и Ема, а Афлек со актерката Џенифер Гарнер има три деца, ќерките Вајолет и Серафина и синот Самјуел.

Лопез има летна резиденција од 10 милиони долари во Хемптонс, а таму е интересно и куќата во која летува нејзиниот поранешен свршеник Алекс Родригез, со кого раскина непосредно пред да одлучи да му даде на Бен уште една шанса.

Слични содржини