Џеј Ло и Кендал Џенер ја промовираат новата колекција на Версаче

од Elena Daskalova

Џенифер Лопез е едно од најистакнатите лица кои некогаш носеле креација на Версаче, најмногу поради култниот зелен фустан инспириран од џунглата.

Со оваа креација Џеј Ло првпат се појави на Греми-наградите во 2000 година, а во 2019 го облече повторно, во неговата нова варијанта, одново креирајќи модна историја.

Затоа, сосема очекувано беше токму Џенифер да е ново заштитно лице на колекцијата пролет/лето 2020 на Версаче, а во целиот проект се придружи и младата Кендал Џенер.

На Џеј Ло одново ѝ се остварила желбата повторно да соработува со Донатела Версаче, со која заеднички ја креирале колекцијата, која, како што можеме да погодиме, покрај футуристички модели, содржи и повеќе креации инспирирани од истиот џунгла-принт, кој повеќе од сигурно е дека е историско парче мода.

 

Слични содржини