Џеј Ло и Шакира не го донесоа на Супербол: Со што се занимава Питбул овие денови

Полувремето на Супербол, на кое настапуваа Џенифер Лопез и Шакира, и понатаму е топ тема, а латиноамериканската заедница тврди дека таа вечер се испишала историја.

Шакира, покрај тоа што ги отпеа своите најголеми хитови како Waka Waka и Hips Don’t Lie, оддаде почит на своето колумбиско потекло со вклопување на традиционални танцови во настапот. Лопез, пак, гордо се прошета во капут со амблеми на Порторико и Соединетите Држави.

Освен нив, настапија и Бед Бани и Балвин, а фановите сфатиле дека еден човек недостигал во целото шоу.

Сите се прашуваа каде е Питбул?

Станува збор за кубанско-американски музичар роден во Мајами, кој снимил песни и со Шакира и со Џеј Ло. Една од тие песни, On The Floor, Џеј Ло ја изведе на полувремето па фановите реагираа дека би било соодветно и тој да се појавеше.

Иако не присуствуваше на Супербол, Питбул настапи на концертот на NFL и сними реклама за Hard Rock Hotel со Џенифер Лопез, диџеј Калид и други која се вртела за време на суперболот.

Судејќи по неговиот профил на Инстаграм, музичарот сега се подготвува за концерт во Лас Вегас.

Слични содржини