Џеј Ло ја отвори душата: Се почувствував како да ги изневерив сите

Џенифер Лопез зборуваше за тоа што била „прескокната“ во номинациите за оскарите за филмот Hustlers и признала дека се чувствувала како да ги изневерила луѓето околу себе.

Кога почна да се зборува за номинациите на овогодинешните доделувања на престижните награди, актерката и пејачка беше еден од фаворитите за Оскар за најдобра женска споредна улога. Сепак, Џенифер, како и самиот филлм, не успеаја да освојат ниту една номинација.

Зборувајќи во емисијата на Опра Винфри зборувала дека е малку тажна, особено што многу се зборуваше за евентуалното добивање на наградата.

– Многу се зборуваше за тоа дека ќе добијам Оскар. Зборуваа „ќе се случи, доколку не, тогаш се луди“. Читав многу текстови и си помислив дали навистина е можно да се случи спротивното. Кога се случи токму тоа, се почувствував изневерено и како да ги изневерив сите околу себе – рекла Џенифер Лопез.

Слични содржини