Џеј Ло како ангел целосно гола во новиот спот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Латино дивата Џенифер Лопез објави трејлер за спотот за нејзината нова песна „In The Morning“, во кој се појавува скоро целосно гола.

Лопез е прикажано на видеото како ангел, со кратка платинеста коса – што е вистинска реткост, бидејќи скоро и да нема друго музичко видео во кое може да се види Џеј Ло со ваква фризура.

Нејзините интимни делови од телото, сепак, се покриени и зачувани од очите на јавноста.

„Многу сум возбудена што пред вас е видео-спотот за оваа нова песна. Полн е со симболика за мрачна, еднострана врска и сознание дека не можете да промените никого… Можете само да се промените себеси! Раширете ги крилјата и оставете секој или што било што навистина не цени сè што можеш да понудиш“, напишала таа во описот на објавеното видео. 

Спотот можете да го погледнете на следникот ЛИНК.

Слични содржини