ЏЕЈ ЛО КОГА НЕ НОСИ ЕКСТЕНЗИИ ИЗГЛЕДА ПОИНАКУ! Ова е нејзиното вистинско издание! (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Не е тајна дека Џенифер Лопез ужива во гламурозни изданија, и на сцената и на црвениот тепих.

Музичката sвезда честопати ја чести својата милионска армија следбеници на Инстаграм со фотографии од сосема природен изглед. Сите ја знаат Џеј Ло по нејзината бујна и долга коса, но како изгледа нејзината фризура кога ќе се отстранат сите додатоци и екстензии.

Како и многу колешки од шоу-бизнисот, 52-годишната Џенифер Лопез често ја менува фризурата. Во последниве години, во видеа и на големи настани, таа покажа дека е голем обожавател на екстензии. Џеј Ло на Инстаграм покажа како изгледа нејзината коса без додатоци.

Латино дивата покажа малку брановидна боб фризура со цел да ги промовира производите на сопствениот бренд „J.Lo Beauty“.

Иако првата асоцијација со пејачката е долга и бујна коса, всушност е вистина дека Џеј Ло има далеку пократка и „потенка“ коса.

Лопез, како и повеќето познати жени, го негува беспрекорниот изглед за кој е задолжен тим луѓе само заради снимање и јавни настапи. Кога ќе се изгаснат камерите, пејачката е во опуштено издание.

Иако, Џеј Ло се појави во неколку наврати на свечени настани со природна должина на косата.

Слични содржини