Џеј Ло за односот со мајка ѝ: „Ме убиваше од ќотек додека не побегнав од дома“

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Џенифер Лопез во документарниот филм „Halftime“ раскажа сè за комплицираниот однос со нејзината мајка, Гвадалупе „Лупе“ Лопез. Во штотуку објавениот филм, Џеј Ло се присети дека нејзината мајка „ја убивала од ќотек“ додека не побегнала од дома.

„Имам комплициран однос со мајка ми, постојано се каравме. Таа го правеше тоа што требаше, и затоа е силна, но поради тоа е и груба. Не тепаше, нè убиваше од ќотек“, рекла Џенифер, која има уште две сестри.

„Не бев совршена мајка, но можам само да кажам дека правев се имајќи ги предвид нивните најдобри интереси. Сакав да воспитам три девојчиња да не зависат од мажите. Не сакав да ги критикувам, туку да им покажам дека можат подобро.Но Џенифер беше најлоша, искрено, најтешко ми беше со неа“, изјави Лупе.

Пејачката раскажала и како на 18 години побегнала од дома бидејќи повеќе не можела да трпи таков однос. Љубовта кон танцот ја одвлекла младата Џенифер од училиште, што нејзината мајка не сакала да го трпи.

„Таа ми рече: Ако сакаш да живееш под мојот покрив, ќе мораш да го завршиш училиштето. Една ноќ се скаравме лошо и морав да заминам“, рекла Лопез.

Слични содржини