Џеј Ло за веридбата со Алекс: Навистина сме среќни

од Vladimir Zorba

Претходно овој месец, Алекс Родригез направи изненадувачки предлог за брак на Џенифер Лопез.

Поранешната безбол ѕвезда ја изненадил Џеј Ло со 16-каратен дијамантски прстен за време на романтичен одмор на Бахамите.

„Ние сме навистина среќни“, изјави Лопез за „Пипл“.

За Родригез тоа е природно продолжение на хармонијата, која постоеше во последните две години.

„Ние сме благодарни за тоа каков е нашиот живот во моментов и ние сме многу среќни. Во слични фази сме во нашиот живот“, додаде Алекс и објасни дека и двајцата се родени во Њујорк, од латиноамериканско потекло се и имаат две деца. Овие сличности ја одржуваат нивната поврзаност.

Семејството ужива во времето поминато со големото семејство кое се вклучени ќерките на Алекс – Наташа и Ела, кои се на 14 и 10 години, и близнаците на Лопез – Макс и Ем, кои се на 11.

За Лопез тоа ќе биде четвртиот брак, а за Алекс втор.

„Имавме некои подеми и падови“, вели тој и додава дека двајцата ги решиле проблемите и се фокусирале на важните нешта.

И додека некои двојки се целосно посветени на нивната венчавка, Џеј ло и Еј Род се обидуваат да ја вметнат во нивниот зафатен распоред.

„Ние постојано се поддржуваме и размислуваме за сите работи што можеме да ги градиме заедно“, вели Лопез, „Многу сме благодарни“, додава среќниот вереник.

Нивниот најнов заеднички проект е „Quay Australia“ и ја бележи нивната прва модна кампања како двојка.

„Тоа беше нешто ново за мене, но таа е шеф“, рече Родригез.

Џеј Ло инвестираше 10.000 часа во собата.

Слични содржини