Џејмс Франко сексуално експлоатирал студентки

од desk4

Американскиот актер Џејмс Франко е тужен за сексуална експлоатација, од Сара Титер- Каплан и Тони Гал, две поранешни студентки кои го посетувале „Студио 4“, негова актерска академија.

Тие ги обвинуваат Франко и неговите партнери за „сексуализирање на нивната моќ како учители и вработувачи кои за да им дадат улога ги уценувале сексуално“. Во изјавата од адвокатот на актерот се вели дека тој ги отфрла обвиненијата и ќе се бори со сите сили да ја докаже својата невиност и ќе бара отштета за навреда.
Франко го отвори „Студио 4“ во Лос Анџелес во 2014 година заедно со бизнис партнерот Винс Џоливет, кој е исто така тужен. Академијата беше затворена во 2017 година. Во тужбата се наведува дека Франко се однесувал несоодветно бидејќи ги терал студентките да играат сексуална сцена со оргија, додека им давал лажни ветувања дека многу брзо ќе најдат работа. „Тој всушност ја користел шансата да најде млади девојки кои ќе бидат предмет на неговата лична и професионална сексуална експлоатација“ – наведено е во тужбата и се додава дека тој ги поттикнувал да се соблечат топлес, а до крај на сексуалната сцена и целосно.
Откако Гал се побунила за ваквото „учење“ била отстранета од часовите, додека Титер- Каплан продолжила со часови и подоцна била избрана да глуми во неколку филмови од „Рабит Бандини филмс“ продукцијата на Франко, што се подразбира како нејзино доброволно прифаќање на однесувањето на актерот.
Минатата година во весникот „Лос Анџелес тајмс“ излезе напис дека пет жени ќе го тужат Франко за сексуална експлоатација, а меѓу нив беше и Титер-Каплан која твитна
„Еј Џејмс Франко, убаво изгледаше на „Златните глобуси“ со поддршката за кампањата „Тimes up“, но се сеќаваш пред неколку недели кога ми кажа дека ќе снимаме голи секси сцени во два твои филма, за 100 долари на ден, и рече дека тоа не е експлоатација бидејќи сум потпишала договор? Е па “Times up“ (време е) да се открие вистината“.
Инаку кампањата „Times up“ беше со цел се подигне јавната свет за сексуалната експлоатација на жените пред сè во филмската индустрија , и во другите професии, и да се поттикнат да не ги кријат непријатните моменти.

Франко тогаш ги отфрли обвинувањата, а денес преку адвокатот најави дека нема да дозволи да биде вовлечен во лажен скандал.

Слични содржини