Џејмс ги прекршил ковид-протоколите пред дуелот со Голден Стејт, го очекува казна

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на Л.А. Лејкерс, Леброн Џејмс ги прекрши протоколите во НБА лигата во врска со сузбивањето и спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Според ЕSPN, Џејмс, спротивно на важечките прописи, присуствувал на промоција на неговата марка текила пред дуелот со Голден Стејт Вориорс.

На промоцијата на текилата „Лобос 1707“, Џејмс беше со уште неколку познати личности, а сето тоа се случи во неделата. Услов за присуство на овој настан беше потврда за вакцинација или негативен тест за ковид, но и покрај тоа, НБА лигата ова го окарактеризира како повреда.

Како што изјави портпаролот на НБА лигата, целиот случај, како и некои претходни, ќе се реши во договор со клубот.

Американските медиуми јавуваат дека на Џејмс му се заканува парична казна.

Слични содржини